02/12/2008
БУКУРЕШТ, Романија -- Претседателот Трајан Башеску во понеделникот (1-ви декември) објави дека романските војници ќе останат во Ирак уште три години. „Ќе останеме во Ирак до 2011 година или додека заминат нашите сојузници“, рече Башеску на видео-конференцијата на романските армиски офицери што служат во Ирак, Авганистан и на Балканот. Тој објасни дека продолжувањето го побарала ирачката влада. (AФП, Ксинхуа, Агерпрес - 01/12/08)