02/12/2008
БУКУРЕШТ, Романија -- Според резултатите објавени во вторникот (2-ри декември) коалицијата на Социјалдемократската партија (ПСД) и Конзервативната партија (ПК) постигна тесна победа на парламентарните избори во неделата. Централното изборно биро вели дека коалицијата ПСД-ПК освоила 33,1 отсто од гласовите на изборите за Домот на делегатите и 34,16 отсто од гласовите на изборите за Сенатот. Либералдемократската партија е втора за само 0,73 отсто од гласовите во Домот на делегатите и само 0,59 отсто во Сенатот. Разликата изнесува околу 40.000-50.000 гласови, односно ова беа најтесни избори во последниве две децении. Национал-либералната партија е трета со околу 18,7 отсто од гласовите, по што следи Демократскиот сојуз на Унгарците во Романија со 6,4 отсто од гласовите. (Њусин, Финансиарул, Романија либера, Гардијанул, ББС - 02/11/08)