01/12/2008
ЗАГРЕБ, Хрватска -- Во понеделникот (1-ви декември) Хрватска го презема едномесечното ротирачко претседателствување со Советот за безбедност на ОН. Постојаниот претставник Невен Јурица ќе одржи прес-конференција во вторник, за да ја претстави работната програма на советот за декември. Истата вклучува одржување дискусија за „Глобалната безбедност и меѓународниот тероризам“ во Њујорк на 9-ти декември, на која ќе присуствува хрватскиот претседател Стипе Месиќ. Исто така овој месец, советот ќе претресе серија важни извештаи, вклучително и шестмесечниот извештај за напредокот на главниот обвинител на Хашкиот трибунал, Серж Брамерц, за соработката во врска со воените злосторства и еден на Мирослав Лајчак, висок претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина. (ХИНА, РадиоНет - 30/11/08)