Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

ССМ го предупреди Додик да не ја заплашува меѓународната заедница

01/12/2008

САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Амбасадорите на Управниот одбор на Советот за спроведување на мирот (ССМ) му ја дадоа својата целосна поддршка на главниот заменик висок претставник Рафи Грегоријан, во изјавата објавена во петокот (28-ми ноември) и го предупредија премиерот на Република Српска (РС) Милорад Додик да не ја заплашува меѓународната заедница. Изјавата беше одговор на поднесената тужба од страна на Додик против Грегоријан и меѓународните судии во судот на БиХ, во која тие се бидат обвинети за заговор против РС. Ова, од друга страна, уследи по државната истрага во финансиите на владата на РС, особено во врска со договорот за изградба на новата зграда на владата на РС, вреден повеќе од 100 милиони евра. Првично Додик одби да ја даде потребната документација на државните инспектори. Подоцна тој го направи тоа, но рече дека ќе го тужи Грегоријан и други претставници за пристрасност против РС. ССМ рече дека потегот на Додик претставува обид да се спречи Канцеларијата на високиот претставник да ги исполни своите задачи. „Милорад Додик очигледно ги користи институциите на РС и персоналот во обидот за заплашување на меѓународната заедница“, вели ССМ. (Oнаса, Дневни аваз, Глас српске, РТРС, СРНA - 28/11/08)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's