30/11/2008
СОФИЈА, Бугарија -- Премиерот Сергеј Станишев во петокот (28-ми ноември) објави дека првите мерки што тој ќе ги преземе во врска со неодамнешното губење на финансии од ЕУ ќе бидат проширување на интеренциите на Меглена Плугчиева, вицепремиерката за финансиите на ЕУ. Таа беше назначена претходно оваа година за подобрување на координацијата помеѓу неколку државни агенции кои вклучуваат апсорбирање на финансиите на ЕУ. Станишев ги пофали нејзините напори за подобрување на управувањето со финансиите на ЕУ, и уште еднаш изрази жалење поради одлуката на Европската комисија (ЕК) за одземање на акредитациите на двете агенции кои управуваа со парите од ФАРЕ -- потег кој повлече губење на повеќе од 550 милиони евра од парите на ЕУ. Станишев, исто така, тврди дека одлуката на ЕК е неправедна, со оглед на тековната финансиска криза. (Meдиапул, БНР, Фокус - 28/11/08)