27/11/2008
СОФИЈА, Бугарија -- Опозициските партии во парламентот и Граѓаните за европски развој на Бугарија во средата (26-ти ноември) објавија дека размислуваат да поднесат иницијатива за гласање недоверба на владата, или да побараат итна оставка на министерот за финансии, Пламен Орешарски, и министерот за регионален развој, Асен Гагаузов. Тие се одговорни за двете агенции за исплата кои управуваа со средствата од програмата ФАРЕ. Во вторникот Европската комисија (ЕК) објави дека нема да й ги врати акредитациите на ниту една од овие две агенции, што значи дека нема повеќе да се одобруваат проекти. Всушност, 220 милиони евра од програмата ќе бидат повлечени, додека други 340 милиони евра наменети за проектите што се веќе одобрени ќе останат блокирани. ЕК како причина го наведе постојаниот неуспех на Бугарија во справувањето со корупцијата и организираниот криминал. (Нетинфо, Фокус, Сега, Dnes.bg - 26/11/08)