24/11/2008
БЕЛГРАД, Србија -- Малата опозициска партија Либерално демократска партија (ЛДП) во неделата (23-ти ноември) објави дека нема да го поддржи гласањето за недоверба на владата на премиерот Мирко Цветковиќ. Набљудувачите во голема мера ја очекуваа одлуката на ЛДП, бидејќи таа се здружи со партиите од владејачката коалиција во советот на градот Белград. Гласањето за недоверба ќе се одржи в петок. Опозициските партии, вклучително и Српската демократска партија, Нова Србија и Српската радикална партија, ја обвинија владата дека преговата со ЕУ во врска со распоредувањето на судската и полициската мисија ЕУЛЕКС на Косово, како прв чекор за признавање на независноста на Косово. (Политика - 24/11/08; Б92, Бета, РТС - 23/11/08)