Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Турција, САД и Ирак ќе создадат заедничка комисија против ПКК

20/11/2008

БАГДАД, Ирак -- Соединетите Држави, Ирак и Турција во средата (19-ти ноември) се согласија да формираат заеднички комитет за борба против членовите на терористичката Курдистанска работничка партија (ПКК). Ирачкиот министер за внатрешни работи, Џавад ал-Болани, беше домаќин на состанокот во Багдад, на кој присуствуваше неговиот турски колега Весир Аталај, американскиот амбасадор во Ирак, Рајан Крокер, и командантот на американските сили во Ирак, генерал Реј Одиерно.

Во меѓувреме, тројца турски војници и четворица курдски милитанти загинаа во два одделни судира во југоисточна Турција во средата и четвртокот. Четворицата милитанти и двајцата војници загинаа во вооружените престрелки помеѓу безбедносните сили и членовите на ПКК во провинцијата Дијарбакир. Во друга престрелка на планински регион загина еден војник, а беа повредени петмина други. (AФП - 20/11/08; новинска агенција Анадолу, АФП - 19/11/08)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's