19/11/2008
АТИНА, Грција -- Парламентот во вторникот (18-ти ноември) започна расправа за пакетот помош од 28 милијарди евра, кој треба да му помогне на банкарскиот сектор да се справи со меѓународната финансиска криза. Нацрт-законот предвидува доделување државни гаранции во вредност од 15 милијарди евра на сите финансиски институции во земјата, како и издавање специјални обврзници за финансиските институции, во замена за соодветна гаранција. Владата, исто така, ќе понуди 5 милијарди евра за зајакнување на капиталната основа на банките. Минатата недела гувернерот на Националната банка на Грција, Такис Арапоглу, рече дека сите грчки банки се согласиле да ја поддржат финансиската помош. Главната опозициска партија, ПАСОК, во вторникот соопшти дека ќе гласа против предлогот, кој го опиша како „лошо замислен“.
Во другите вести, владата подготви пакет мерки за растеретување на пренатрупаноста на затворите и намалување на казните за стотици затвореници, особено наркозависници на кои им е потребна рехабилитација. Министерот за правда, Сотирис Хацигакис, планира да го поднесе пакетот до парламентот в среда. Околу 7.000 затвореници започнаа масовен штрајк со глад пред две недели, протестирајќи поради условите. (Ta неа, Елефтеротипија - 19/11/08; AНА-МПА, In.news, Катимерини, Нафтемборики, ЕРT - 18/11/08)