19/11/2008
БЕЛГРАД, Србија -- Владата во вторникот (18-ти ноември) ги објави плановите за поднесување противтужба за Хрватска во Меѓународниот суд на правдата (МСП), откако судот се согласи да го претресе случајот покренат од Хрватска. Загреб го обвини Белград за етничко чистење за време на војната во периодот 1991-1995 година и бара казнување на сите оние што се виновни за геноцид, како и враќање на сите украдени хрватски културни артефакти. Хрватска, исто така, сака Србија да плати воена репарација во висина што ќе ја одреди судот. Како одговор на ова, министерот за надворешни работи, Вук Јеремиќ, рече дека Белград ќе ја тужи Хрватска за воените злосторства извршени за време на операцијата Бура во 1995 година. (РТС, АФП, РТС, Јавно, Б92 - 18/11/08)