18/11/2008
СОФИЈА, Бугарија -- Полицијата во понеделникот (17-ти ноември) заплени скоро 70 килограми хероин со улична вредност од околу 3,5 милиони евра. Тоа се случи во градот Русе на реката Дунав. Возачот на автомобилот со дрогата бил, наводно, германски државјанин роден во Босна и Херцеговина. (News.bg, Дарик, Нетинфо, Стандард, Фокус, Макфакс - 17/11/08)