18/11/2008
СОФИЈА, Бугарија -- Европската комисија (ЕК) очекува пресуди во клучните случаи на корупција во рок од неколку месеци, рече Џонатан Фаул, генерален директор на одделот за правда, слобода и безбедност. Тој во понеделникот (17-ти ноември) ја посети Софија, пред посетата на неговиот надлежен, комесарот за правда на ЕУ, Жак Баро, кој ќе го процени напредокот пред ЕК да го објави својот привремен извештај за бугарските судски реформи во февруари. Пресуди се очекуваат во случаите на корупција или измама поврзани со финансирањата на ЕУ, како и случаите на клучните фигури на организираниот криминал. (Сега - 18/11/08; веб-страница на Министерството за внатрешни работи, Блиц - 17/11/08)