17/11/2008
БЕЛГРАД, Србија -- Главниот обвинител на Хашкиот трибунал за воени злосторства, Серж Брамерц, во понеделникот (17-ти ноември) допатува во дводневна официјална посета на Белград. Во неделата Брамерц изрази увереност во врска со намерата на Белград да ги изведе сите преостанати бегалци обвинети за воени злосторства -- вклучително и Ратко Младиќ и Горан Хаџиќ -- пред лицето на правдата. Брамерц во понеделникот се состана со претседателот на српскиот национален совет за врски со Хашкиот трибунал, Расим Љајиќ, и обвинителот за воени злосторства, Владимир Вукчевиќ. Во вторник, меѓу другите, тој ќе се состане со претседателот Борис Тадиќ и премиерот Мирко Цветковиќ. Брамерц треба да го претстави својот редовен полугодишен извештај за соработката на Србија со Трибуналот пред Советот за безбедност на ОН во средината од декември. Неговата оценка останува клучен услов за евентуалното членство во ЕУ.
Во неговиот претходен извештај пред еден месец, Брамерц призна дека е постигнат голем напредок од страна на српските власти, особено со апсењето на поранешниот политички водач на босанските Срби Радован Караџиќ. (Блиц, Бета, Танјуг - 17/11/08; Б92 - 16/11/08)