Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Двете најголеми партии во Албанија ги усвоија изборните реформи и покрај противењето од помалите партии

14/11/2008

TИРАНА, Албанија -- Двете најголеми политички партии, владејачката Демократска партија и опозициската Социјалистичка партија (СП), во четвртокот (13-ти ноември) ги одобрија измените на изборниот законик, со кои изборниот систем се трансформира од мнозински на регионален пропорционален систем. Комисијата за изборни реформи не го измени предлогот и покрај жестокото противење на помалите партии, од кои некои членови дури и започнаа штрајк со глад. Претставникот на СП во комисијата, Фатмир Џафа, рече дека измените во законикот ќе загарантираат поголема транспарентност. Изборните реформи се едни од главните предуслови кои Албанија мора да ги исполни за интеграцијата во ЕУ.

Во другите вести од четвртокот, Министерството за здравство објави дека планира да подигне судска постапка против десет директори на болници, осомничени за проневера. Претставникот на министерството Герта Пикари вели дека ревизорите пронашле сериозни прекршувања во поглед на процедурите на јавните набавки, доделувањето буџетски средства на трето лице и вработувањата. Ревизиите продолжуваат и во други болници низ земјата. (Шекули, Клан, Алсат, Топ њус, Њус 24, Вижн +, Топ ченал - 13/11/08)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's