Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Србија започна операција за пронаоѓање на Младиќ и мрежата поддржувачи

10/11/2008

БЕЛГРАД, Србија -- Вооружените полициски сили во понеделникот (10-ти ноември) започнаа операција во фабрика за пластика во југоисточниот дел од земјата, со цел пронаоѓање на бегалецот обвинет за воени злосторства Ратко Младиќ и неговите поддржувачи, потврди портпаролот на обвинителството за воени злосторства, Бруно Векариќ. Фабриката, која се наоѓа во близина на селото Ваљево, е во сопственост на двајца браќа, Видоје и Владислав Вујиќ.

Полицајците, кои пристигнаа на местото во џипови не им дозволија на новинарите да влезат во фабриката, ниту, пак, да сликаат. Домот на браќата Вујиќ, во близина на фабриката, е исто така блокиран. Неименуван извор во Министерството за внатрешни работи, цитиран од АФП, рече дека целта на операцијата била да се потврдат информациите дека Младиќ се криел таму. (Б92, AФП, Бета, РТС, АП, ББС, ДПА - 10/11/08)

Најнови вести

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's