24/10/2008
АТИНА, Грција -- Владиниот портпарол Теодорос Русопулос во четвртокот (23-ти октомври) поднесе оставка поради обвинувањата дека бил вклучен во несоодветен договор за недвижен имот помеѓу државата и манастирот Ватопеди. Русопулос, еден од најблиските соработници на премиерот Костас Караманлис, рече дека поднесува оставка за да се одбрани од „злонамерниот и целосно неоснован напад“. Тој ја објави својата оставка набргу откако парламентот усвои предлог за формирање комисија која ќе го испита договорот. Јоргос Папандреу, водачот на најголемата опозициска партија ПАСОК, вели дека Руспулос е првоосомничен. Прелиминарната истрага покажа дека договорот резултирал со загуба за државата од најмалку 100 милиони евра. (Елефтеротипија, Та неа, Вима, Елефтерос типос, Катимерини - 24/10/08; AНА-МПА, ЕРТ, СКАИ, In.news, Нафтемборики, Ројтерс, АП, АФП - 23/10/08)