21/10/2008
ТИРАНА, Албанија -- Политичките партии го кријат идентитетот на нивните финансиски донатори, спротивно на уставот, се вели во извештајот од понеделникот (20-ти октомври) на набљудувачката група за корупција Трансперенси интернешнал (ТИ). Извештајот ги идентификува изборните кампањи како голем проблем во актуелниот политички систем, рече Маријана Папа, шеф на албанската канцеларија на организацијата. ТИ, исто така, го критикува недостатокот на политичка волја за усвојување на закони кои ќе ги принудат партиите да ги откријат своите финансиски извори.
Во другите вести, опозициските партии жестоко ја критикуваа владата во понеделникот за инцидентот во кој загина една мајка со своето новороденче. Тие се удавија во неделата откако бродот со нив и со други илегални имигранти потона во Езерото Бутринти. Опозицијата вели дека Албанците се обидуваат да ја напуштат земјата поради тоа што владата не им обезбедува соодветни животни услови на граѓаните. (Коха Јоне, ББС, Шекули, ВОА, Топ ченал - 21/10/08)