Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Во Турција започна судењето за Ергенекон

20/10/2008

АНКАРА, Турција -- Контроверзното судење беше отворено во понеделникот (20-ти октомври) и во истото се вклучени 86 лица, обвинети дека се припадници на таинствената сепаратистичка група Ергенекон. Таа, наводно, ковала заговор за соборување на происламистичката влада на земјата. Меѓу обвинетите се и пензионирани армиски офицери, левичарски политичари, членови на секуларистички здруженија, новинари и академици кои се противници на Партијата на правдата и развојот (АКП). Тие, наводно, формирале нелегална организација, која планирала да поттикне хаос и нереди, доведувајќи до државен удар против владата на АКП. Обвинителите велат дека групата е одговорна за најмалку два вооружени напади во Турција. Тие, исто така, ги товарат обвинетите дека планирале атентати на неколку познати личности, меѓу кои и премиерот Реџеп Тајип Ердоган и добитникот на Нобеловата награда, Орхан Памук. (Хуријет, Заман, Радикал, Сабах, Милијет - 20/10/08; новинска агенција Анадолу, АФП, Ројтерс - 19/10/08)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's