17/10/2008
БЕЛГРАД, Србија -- Претседателот Борис Тадиќ во четвртокот (16-ти октомври) рече дека проблемите во односите со Црна Гора и Македонија „не може да се дозволи да траат вечно“. Србија сака најдобри можни односи со своите соседи, изјави Тадиќ за весникот „Вечерње новости“. „Да се биде анти-Црногорец или анти-Србин не е само бесмислено во историски контекст, туку е и опасно“, предупреди тој. „По признавањето на независноста на Косово од страна на црногорската влада, резултатот е тоа што српските и црногорските деца не можат да патуваат во Црна Гора или Србија на екскурзии, што е врвна глупост“. Тој, сепак, истакна дека со примената на дипломатски мерки против Црна Гора и Македонија -- откако двете земји одлучија да ја признаат независноста на Косово -- беше „направена вистинската работа“. (Вечерње новости, Бета, Б92 - 16/10/08)