16/10/2008
AНКАРА, Турција -- Армијата вели дека петмина турски војници и пет членови на терористичката Курдистанска работничка партија (ПКК) загинале во борбите што започнаа во средата (15-ти октомври) во југоисточниот дел од земјата, во близина на ирачката граница. Војската вели дека уште еден турски војник загинал, а 15 биле повредени кога хеликоптер кој превезувал засилување, се урнал. ПКК вели дека тие пукале во хеликоптерот, додека армијата објави дека се работи за механички проблем.
Во другите вести, патниците го спречија обидот за киднапирање на авион на „Тркиш ерлајнс“ кој се движел од турското одморалиште Анталија до Санкт Петерсбург, Русија, во средата. Осомничениот киднапер, наводно, испратил писмо до пилотот во кое пишувало дека има бомба и дека го презема авионот. Патниците на крајот го совладале мажот, но властите не најдоа бомба или оружје. Руската полиција го притвори киднаперот, за кој рече дека бил пијан. (ББС - 16/10/08; НТВ, Хуријет, Интерфакс, РИА Новости, Ројтерс, новинска агенција Анадолу, новинска агенција Доган - 15/10/08)