Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Министрите за надворешни работи на ЕУ го поздравија признавањето на Косово од страна на Црна Гора и Македонија

14/10/2008

ЛУКСЕМБУРГ -- Министрите за надворешни работи на ЕУ во понеделникот (13-ти октомври) ги поздравија одлуките на Црна Гора и на Македонија да ја признаат независноста на Косово. За време на состанокот во Луксембург, францускиот министер за надворешни работи, Бернард Кушнер, рече дека Србија „наскоро ќе се врати во реалноста“, откако реагираше по потегот на двете земји бркајќи ги нивните амбасадори од Белград.

Во меѓувреме, црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ рече дека одлуката на Подгорица за признавање на независноста на Косово не беше резултат на притисок од надвор. „Ја зедовме предвид потребата на нашата земја за зајакнување на нашето партнерство со членките на ЕУ и НАТО“, истакна тој.

Противниците на овој потег одржаа уште еден протест, овојпат во Подгорица, доцна во понеделникот. Повеќе од 30 лица беа повредени, третина од нив полицајци, кога избија судири помеѓу демонстрантите и обезбедувањето, кое ја чуваше зградата на парламентот и блиските улици. Уапсени беа 35 лица. Опозициските политичари побараа владата да го повлече признавањето на Косово и да закаже референдум за прашањето. Во спротивно, претседателот Филип Вукановиќ треба да свика предвремени избори до крајот на годинава, вели опозицијата.

Исто така во понеделникот, Небојша Медојевиќ, водач на опозициското Движење за промени, рече дека признавањето на Косово ја загрозува стабилноста на Балканот. „[Власта] не може да се очекува да придонесе за регионалната стабилност ако воспостави односи со еден сосед и истовремено ги влоши односите со друг“, рече Медојевиќ. (Зери, Коха Диторе, Експрес вијести, Политика, Побједа, ББС, Еуроњус - 14/10/08; РТК, Бета, Танјуг, РТЦГ, Б92, Макфакс, МИА, АФП, Ројтерс, ДПА - 13/10/08)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's