13/10/2008
СОФИЈА, Бугарија -- Националната агенција за безбедност (НСА) во петокот (10-ти октомври) призна дека нелегално ги следела новинарите и ги прислушувала нивните телефони додека ги испитувала протекувањата на информации во медиумите. Следењето на новинарите беше „неоправдано“, рече портпаролката на НСА, Зоја Димитрова. „Информациите се собираа од луѓе, претпријатија и медиуми кои тешко дека можеле да имаат врска со целта на истрагата“, додаде таа. (Дарик, АФП, БНР, БНТ, БТА, Фокус, novinite.com - 10/10/08)