Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Лајчак вели дека отцепувањето или укинувањето на РС е невозможно

13/10/2008

САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Високиот претставник Мирослав Лајчак во неделата (12-ти октомври) ги отфрли предлозите да ја укине Република Српска (РС) или да дозволи нејзино отцепување од БиХ. Двете идеи се „невозможни“, рече тој. „Политичарите, од едната страна, велат дека ќе ја укинат РС, додека политичарите од другите страна играа со идејата за отцепување од БиХ. Тоа е длабоко неморално и меѓународната заедница нема никогаш да го дозволи“, изјави тој за новинарите во Сараево. Во саботата премиерот на РС Милорад Додик рече дека ентитетот ќе се отцепи од БиХ ако Лајчак го смени од функцијата.

Во петокот хрватскиот претседател Стипе Месиќ рече дека меѓународната заедница повеќе не треба да ги толерира заканите на Додик за отцепување. РС е бурет-барут кое може да експлодира во секој момент, предупреди тој. Ако ентитетот се отцепи од БиХ, босанските Хрвати ќе го сторат истото, изјави тој за германскиот весник Дер Шпигел. (Бета, Фонет, Макфакс - 12/10/08; Шпигел, Макфакс, Јавно - 10/10/08)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's