Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Соединетите Држави ја потврдија поддршката за кандидатурата на Македонија за членство во НАТО

09/10/2008

СКОПЈЕ, Македонија -- Американскиот секретар за одбрана во посета на земјата, Роберт Гејтс, во средата (8-ми октомври) ја потврди силната поддршка на Вашингтон на аспирациите на Македонија за влез во НАТО. „Како и многумина од вас, и ние бевме разочарани од исходот на [самитот на НАТО], кога Македонија не доби покана за влез во Алијансата“, истакна Гејтс. Претходно тој се состана со македонскиот претседател Бранко Црвенковски, премиерот Никола Груевски и министерот за одбрана, Зоран Коњановски, на маргините од годишниот самит на регионалните министри за одбрана во Охрид. На самитот на НАТО во Букурешт во април, Грција стави вето на кандидатурата на Македонија за членство во НАТО, поради долготрајниот спор околу името помеѓу двете земји. „Ги повикуваме Македонија и Грција да најдат решение за прашањето што е можно поскоро, бидејќи тоа е во интерес на двете земји и на регионот“, рече Гејтс.

Во другите вести од средата, претставникот на ОН во спорот околу името, Метју Нимиц, понуди нов предлог на заедничкиот состанок со грчкиот и македонскиот претставник, Адамантиос Василакис и Никола Димитров, во Њујорк. Тој одби да ги открие деталите од предлогот и не постави крајни рокови за решавање на прашањето. Тој рече дека очекува коментари од двете страни за две до три недели. Нимиц ги демантираше извештаите дека ова ќе биде неговиот последен предлог. (Вечер, Дневник, Утрински весник, Та Неа, Катимерини - 09/10/08; Mакфакс, МИА, Ксинхуа, АП, А1, АНА-МПА, ЕРТ, Ројтерс - 08/10/08)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's