Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Талат: Сега е време да се постигне решение за Кипар

16/09/2008

НИКОЗИЈА, Кипар -- Водачот на кипарските Турци, Мехмет Али Талат, во понеделникот (15-ти септември) рече дека сегашните околности во Кипар се погодни за повторно обединување на поделениот остров. „Сепак, овие добри односи не гарантираат решение кое ќе биде прифатливо за двете заедници“, им рече Талат на претставниците на невладините организации од кипарските Турци, додавајќи дека секој текст за повторното обединување ќе биде ставен на референдум.

Исто така во понеделникот, кипарскиот министер за надворешни работи, Маркос Кипријану, рече дека напредокот зависи главно од Турција. „Сега од суштинска важност е дали Турција ќе го остави патот отворен за Талат да преговара имајќи ги предвид интересите на кипарските Турци, а не стратешките интереси на Турција“, изјави министерот за грчкиот весник „Катимерини“.

Во другите вести, претседателскиот советник на кипарските Грци, Јоргос Јакову, и советникот на кипарските Турци, Оздил Нами, се состанаа во понеделникот. Тие ја поставија основата за следниот круг директни разговори за повторното обединување помеѓу Талат и кипарскиот претседател Деметрис Христофиас в четврток. (новинска агенција Анадолу - 16/09/08; Фамагуста газете, Катимерини - 15/09/08)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's