10/09/2008
TИРАНА, Албанија -- Гласачите нема да ги покажуваат изводите на родени за да гласаат следната година, туку ќе ги користат електронските лични карти и пасоши, кои се сметаат за сигурни документи за лична идентификација, објавија властите во вторникот (9-ти септември). Тоа беше прва одлука на новоформираната парламентарна комисија на Албанија за изборните реформи. „Ние сметаме дека гласањето со изводи на родени покажа недостатоци, како што беше случајот со локалните избори во 2007 година“, рече копретседателот на комисијата Илир Русмаили.
Исто така во вторникот, ЕУ ја повика Албанија да го унапреди дијалогот и политичкото разбирање за да ги заврши тековните реформи во различни области. На состанокот со албанските власти, директорот на Европската комисија за Западен Балкан, Пјер Мирел, рече дека политичкото разбирање е основно за албанскиот пат кон Европа. (Шекули - 10/09/08; ББС, Топ ченал, Клан, ВОА, Балканвеб, Телеграфи - 09/09/08)