Македонското признавање на Косово зависи од два услови, вели Црвенковски

07/09/2008

СКОПЈЕ, Македонија -- Користењето на уставното име Република Македонија и процесот на одбележување на границата се двата клучни услови за Македонија да го признае Косово, рече во петокот (5-ти септември) македонскиот претседател Бранко Црвенковски. Запрашан дали признавањето ќе се случи за брзо време, сега кога започна процесот на демаркација, тој рече дека раководството ќе одлучи спрема тоа што е во најдобар интерес за земјата. Во саботата приштинскиот весник „Зери“ објави дека граничните линии се договорени, вклучително и чувствителната зона Дебелдех. Признавањето се очекува по 23-ти септември, според весникот. (Зери, Бета - 06/09/08, Телеграфи, Алсат - 05/09/08)