Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Тадиќ ќе го посети Брисел и ќе разговара за влезот во ЕУ

02/09/2008

БЕЛГРАД, Србија -- Претседателот Борис Тадиќ во среда (3-ти септември) ќе предводи висока делегација во Брисел, на разговори со високи претставници на ЕУ околу процесот на интеграција на Србија. Во делегацијата ќе биде и премиерот Мирко Цветковиќ, вицепремиерот Божидар Делиќ и министерот за надворешни работи, Вук Јеремиќ. Тие ќе се состанат со претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, шефот за надворешна политика на ЕУ, Хавиер Солана, и комесарот за проширување на ЕУ, Оли Рен. Набљудувачите очекуваат српскиот парламент да одржи седница наскоро за да го ратификува Договорот за стабилизација и асоцијација (ДСА) со ЕУ. Иако Србија го потпиша ДСА во април, политичките превирања во парламентот го одолговлекоа ратификувањето со месеци. (Taнјуг, Б92, АФП -01/09/08)

Најнови вести

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's