Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Хашкиот трибунал ја обвини поранешната портпаролка за непочитување на судот

28/08/2008

ХАГ, Холандија -- Трибуналот на ОН за воени злосторства во средата (27-ми август) објави дека е покренато обвинение против поранешната портпаролка Флоренс Хартман за непочитување на судот за наводно откривање доверливи информации во врска со судењето на починатиот српски водач Слободан Милошевиќ. Трибуналот й наредил на Хартман да се појави на 15-ти септември за да одговори по две точки од обвинението за непочитување на судот. Ако биде осудена, таа ќе се соочи со седум години затвор, парична казна од 100.000 евра или двете. Според соопштението на судот, текстовите на Хартман објавени во 2007 и 2008 година откриле информации во врска со доверливи одлуки на апелационата комисија во случајот на Милошевиќ. Хартман беше портпаролка на главната обвинителка на Трибуналот на ОН за воени злосторства Карла дел Понте од 1999 до 2006 година. (Бета, Б92, АФП, АП - 27/08/08)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's