28/08/2008
БЕЛГРАД, Србија -- Рускиот амбасадор во Белград, Александар Конузин, во средата (27-ми август) инсистираше на тоа дека признавањето од страна на Москва на Јужна Осетија и Абхазија нема да ја ослаби позицијата на Србија во врска со Косово. Тој рече дека Русија ќе продолжи да го поддржува ставот на Белград. „Што се однесува до Косово, не верувам дека нешто е сменето“, рече тој. „Според резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, оваа територија е територија на Србија и нејзиното насилно отцепување од остатокот на земјата е неприфатливо“, рече Конузин, додавајќи дека Косово поставило преседан едностраното прогласување независност.
Во вторникот Русија ги призна двата отцепени региони во Грузија, неколку недели по интервенцијата што ја презеде како одговор на напорите на Тбилиси за воспоставување контрола над териториите. Територијалниот интегритет е клучната поента на аргументот на Србија против независноста на Косово.
Во другите вести, рускиот амбасадор во Тирана, Александар Пришепов, во средата ги негираше извештаите во медиумите во кои Москва ја обвинува Албанија дека й продала оружје на Грузија во 2006 година. „Русија ... спомена редица земји кои й продале оружје на Грузија и не гледа ништо лошо во тој потег. Во спротивно, ние ќе преземевме дипломатско дејство“, рече тој. (Taнјуг, РТС, Б92, Алсат, Клан, Балканвеб - 27/08/08)
31/05/2011