24/08/2008
СОФИЈА, Бугарија -- Повеќе од четири тона марихуана беа запленети во серија операции минатата недела, објави полицијата во југозападниот град Благоевград во саботата (23-ти август). Повеќе од дваесет полициски единици извршија рација на околу 20 земји, како и приватни дворови во регионот на Сандански и Петрич, познати по својата концентрација на нелегални полиња со канабис. Полицијата во Благоевград неодамна конфискуваше 1,6 тони канабис од приватен имот во истиот регион. (AФП, РТС, Дарик, Стандард - 23/08/08)