19/08/2008
AНКАРА, Турција -- Министерот за енергија, Хилми Гулер, во понеделникот (18-ти август) на прес-конференција изјави дека Турција и Иран се очекува да ги комплетираат планираните енергетски договори во рок од еден месец. Првично, набљудувачите очекуваа потпишување на договорите за време на минатонеделната посета на иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад. Гулер вели дека техничката работа на договорите е во тек, со цел нивно финализирање пред тој и министерот за надворешни работи, Али Бабаџан, да го посетат Иран следниот месец. (Tркиш прес, Заман, УПИ, АП - 18/08/08)