19/08/2008
СКОПЈЕ, Македонија -- Претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски се состанаа во вторникот (19-ти август), пред преtстојната посета на претставникот на ОН во спорот околу името помеѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц. Тој се очекува во Скопје оваа недела, во уште еден обид за забрзување на решението на билатералниот спор. Претставниците на двете земји последен пат се состанаа во Њујорк минатата недела. (Вечер, Нетпрес, Макфакс, Утрински весник - 19/08/08)