18/08/2008
AНКАРА, Турција -- Петмина турски војници беа повредени рано во понеделникот (18-ти август), кога бомба покрај патот експлодираше во близина на нивното возило во провинцијата Сирнак. Наводно, бомбата ја поставиле членовите на терористичката Курдистанска работничка партија (ПКК). Голема воена операција за апсење на терористи е во тек во регионот. (СНН Турк, АФП - 18/08/08)