15/08/2008
ТБИЛИСИ, Грузија -- Русија и Грузија го поддржаа предлогот на Турција за сојуз на кавкаските држави, соопшти во четвртокот (14-ти август) турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган, по состанокот со грузискиот претседател Михаил Сакашвили. Ердоган, во придружба на министерот за надворешни работи, Али Бабаџан, го посети грузискиот главен град и оствари разговори со Сакашвили во врска со ситуацијата во Јужна Осетија и турскиот предлог за форум за кавкаската стабилност. Ердоган подоцна на заедничката прес-конференција рече: „Побаравме од Грузија да учествува во оваа платформа. Нашиот предлог, исто така, беше поздравен од Русија“. Неговата посета на Тбилиси дојде еден ден откако тој се состана со рускиот претседател Дмитри Медведев и премиерот Владимир Путин во Москва. (Заман, Сабах - 15/08/08; Хуријет - 14/08/08)