Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Косовските власти велат дека Митровица не може да се моделира според моделот на Брчко

12/08/2008

ПРИШТИНА, Косово -- Официјалните претставници и аналитичарите во понеделникот (11-ти август) го отфрлија предлогот моделот на Брчко од Босна и Херцеговина да биде применет во северно Косово. Владата вели дека таквите напори би можеле да го дестабилизираат Косово, додека канцеларијата на претседателот излезе со изјава дека каков било предлог спротивен на планот на поранешниот претставник на ОН, Марти Ахтисари, е неприфатлив. Поранешниот специјален претставник на ЕУ во Косово, Волфганг Петрич, во интервјуто за ББС од понеделникот посочи дека моделот на Брчко би можел да се употреби во Косово за привремено решавање на прашањето на Митровица.

Во другите вести од понеделникот, УНМИК ги објави плановите за намалување на бројот на вработените за околу 70 отсто, или околу 1.400 луѓе, како дел од реструктуирањето на меѓународното присуство во Косово. Портпаролот на УНМИК, Александар Иванко, пак, истакна дека персоналот во северниот дел од Косово, населен со Срби, нема да се намали, бидејќи за тоа е потребна одделна дискусија во Њујорк.

Исто така во понеделникот, српскиот министер за надворешни работи, Вук Јеремиќ, рече дека Малезија одлучила привремено да го прекине процесот на признавање на независноста на Косово. Соопштението за ова следеше по посетата на Јеремиќ на Куала Лумпур. Тој следно ќе отпатува за Сингапур. (Коха Диторе, Косова лајв, Зери, Лај, Експрес, Политика - 12/08/08; РТК, Кохавижн, Бета, Б92, Танјуг, Студио Б - 11/08/08)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's