Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Романија повторно отвори граничен премин со Молдавија

04/08/2008

БУКУРЕШТ, Романија -- Владата повторно го отвори пограничниот премин Скулени на границата со Молдавија рано во неделата (3-ти август), по заедничката романско-молдавска одлука. Потребата за негово затворање ја наметна високото ниво на реката Прут. Сообраќајот низ граничниот премин Станца продолжи во саботата.

Во другите вести, премиерот Калин Попеску Таричеану во неделата рече дека реконструкцијата на домовите погодени од неодамнешните поплави претставува највисок приоритет на владата. Околу 800 куќи се урнаа поради поплавите.

Во меѓувреме, нов топлотен бран ја зафати јужна Романија во понеделникот и вторникот. Температурите се очекува да се искачат до 36 степени целзиусови во јужните окрузи Олтенија и Мунтенија. Во Букурешт метеоролозите предвидуваат температури од 35 степени. (Хотњус - 04/08/08, Aгерпрес, Медифакс - 03/08/08)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's