Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Судењето на Ергенекон ќе започне во Турција на 20-ти октомври

27/07/2008

AНКАРА, Турција -- Првото рочиште од судскиот процес против Ергенекон ќе се одржи на 20-ти октомври, одлучи истанбулскиот Висок кривичен суд во петокот (25-ти јули). Осумдесет и шест лица се обвинети за формирање вооружена терористичка организација со цел соборување на владата. Според обвинението на 2.500 страници, објавено во петокот, групата планирала серија атентати од висок профил, со цели како што е добитникот на Нобеловата награда Орхан Памук и началникот на Генералштабот Јашар Бујуканит.

Во другите вести, војската во неделата објави дека се започнати нови воздушни напади во саботата против осомничени цели на терористичката Курдистанска работничка партија (ПКК) во северен Ирак. Дванаесет цели на планината Кандил беа бомбардирани по полноќ, се вели во соопшениетп. Во петокот нагазна мина, за која се верува дека била детонирана од ПКК, уби тројца турски војници во провинцијата Сирнак, во близина на турската граница со Сирија. (AФП, ДПА, АП, Хуријет, Ројтерс - 27/07/08; Хуријет, Милијет, новинска агенција Доган, Чумхуријет, Ватан, Радикал - 26/07/08; AП, Тркиш прес, Ројтерс, новинска агенција Анадолу, СНН Турк, АФП, Ксинхуа - 25/07/08)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's