24/07/2008
TИРАНА, Албанија -- Владата во средата (23-ти јули) усвои закон кој му дозволува на претпријатието Сагем Секурите да ги изработува електронските лични карти и биометричките пасоши. Мерката следно ќе оди во парламентот на одобрување. Премиерот Сали Бериша ја повика опозицијата да го поддржи проектот, со цел подигнување на стандардите на изборите во септември 2009 година. (Шекули - 24/07/08; Панорама, Газета 55, Балканвеб - 23/07/08)