Претседателот на албанскиот парламент одговори на критиките на САД и ОБСЕ

24/07/2008

ТИРАНА, Албанија -- „Административно недоразбирање“ доведе до исклучувањето минатата недела на дипломатите од САД и ОБСЕ од седниците на парламентот, вели претседателот Јозефина Топали. Во средата (23-ти јули) таа им напиша писмо на Американската амбасада и ОБСЕ, уверувајќи ги дека вакво недоразбирање уште еднаш нема да се повтори. Американскиот амбасадор Џон Витерс изрази загриженост. Парламентарното обезбедување ги спречи дипломатите да учествуваат на излагањето на годишниот извештај од страна на главниот обвинител Ина Рама. (Шекули - 24/07/08; ВОА, Балканвеб, Топ ченал - 23/07/08)