Три лица повредени во судир на траекти во Грција

24/07/2008

AТИНА, Грција -- Два траекта со повеќе од 1.500 патници се судрија во близина на пристаништето на островот Андрос во средата (23-ти јули), при што три лица беа повредени, објави Министерството за поморска трговија. „Супер фери 2“, кој се движел од пристаништетот Рафина до островите Андрос, Тинос и Миконос, удрил во укотвениот брод Теологос за време на маневрите на укотвување. Двајца мажи и една жена имале потреба од лекарска интервенција.

Во другите вести, властите евакуираа стотици локални жители и фабрички работници од домовите и фирмите во средата, откако шумските пожари се приближија до северното атинско пристаниште Крионери. Пожарот изби во боровата шума Варибоби и брзо се рашири, принудувајќи ги властите да ги укинат возовите што се движат кон север од Атина. Тие, исто така, затворија дел од главниот грчки автопат. Друг шумски пожар сé уште беснее на островот Родос. Полицијата уапси двајца постари луѓе за ненамерно подметнување пожар, според извештаите на локалните медиуми. (EРТ, АНА-МПА, Катимерини, Нафтемборики, АП, Ројтерс, СНН - 23/07/08)