Бакојани предупреди за балкански национализам

24/07/2008

АТИНА, Грција -- Министерот за надворешни работи, Дора Бакојани, во средата (23-ти јули) й упати нова порака на македонската влада во врска со нејзиното барање за признавање на македонско малцинство го Грција. „На Балканот не му се потребни нови националистички тензии, туку модерна европска визија“, рече таа по состанокот со својот хрватски колега, Гордан Јандроковиќ, кој беше во посета на Атина. Грција ќе продолжи со својата меѓународна кампања за спорот околу името и конструктивното учество во разговорите со Македонија под покровителство на ОН, додаде Бакојани. „Одлуката 100-процентно зависи од ставот на македонското раководство“, истакна таа. Бакојани рече дека Хрватска е „пример за трезвеност“ како што се движи кон интеграцијата во ЕУ. (EРТ, АНА-МПА, Експрес, Катимерини - 23/07/08)