Турција лобира за непостојано место во Советот за безбедност на ОН

24/07/2008

ЊУЈОРК, САД -- Турскиот министер за надворешни работи, Али Бабаџан, ги засили напорите на својата земја за обезбедување непостојано место во Советот за безбедност на ОН за периодот 2009-2010 година, одржувајќи серија разговори со претставници на ОН, објавија турските медиуми во средата (23-ти јули). Доцна во вторникот Бабаџан се состана со претставниците на повеќе од 100 земји на приемот во Њујорк, барајќи нивна поддршка. Тој разговараше со Латиноамериканската и карибска група, Најнеразвиените земји и Срѓан Керим, претседателот на 62-рата сесија на Генералното собрание на ОН. Тој, исто така, ќе се состане со претставници на Африканската Унија, Арапската лига и Организацијата на исламската конференција. Турција е една од трите кандидати за две места за групата Западна Европа и други. Другите апликанти се Исланд и Австрија. Изборите се закажани за октомври. (Заман, Сабах, Тркиш прес - 23/07/08)