Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Христофиас ќе предложи ротирачко претседателство во Кипар

23/07/2008

НИКОЗИЈА, Кипар -- Претседателот Деметрис Христофиас се очекува да предложи ротирачка претседателска функција на ниво на островот, како и заменик-претседател, кога ќе се состане в петок (25-ти јули) со водачот на кипарските Турци, Мехмет Али Талат. Според извештаите на медиумите во вторникот, со планот на Христофиас, идната централна држава ќе има еден суверенитет, едно државјанство, една економија и еден меѓународен идентитет, додека двете заедници ќе имаат политичка еднаквост. Христофиас, исто така, инсистира на демилитаризација на островот, намалување на бројот на турските доселеници и враќање на имотот на кипарските Грци кои го напуштиле северниот дел откако турските војници пристигнале во 1974 година. Кипарските Турци и Турција, пак, инсистираат на тоа решението да се базира на две еднакви држави и две еднакви заедници, објавува „Сајпрус мејл“. (Хуријет, Сајпрус мејл, Филелефтерос, Политис - 22/07/08)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's