18/07/2008
БЕЛГРАД, Србија -- Канцеларијата на обвинителот за воени злосторства во четвртокот (17-ти јули) повика на истрага за 28-те косовски Албанци, кои некогаш припаѓале на Ослободителната војска на Косово (ОВК). Еден од нив -- Фатмир Лимај -- беше ослободен од обвиненијата од страна на Хашкиот трибунал за воени злосторства во 2005 година. Сите 28 наводно извршиле воени злосторства врз 35 српски и албански цивили во Липљане, Стимље и Глоговац во централно Косово помеѓу јуни и октомври 1998 година. Обвинителите велат дека сите жртви, од кои 22 подоцна беа убиени, биле нелегално затворени, иако за време на судењето на Лимај во Хаг овие злосторства не беа споменати. (AФП, Б92, Блиц, Танјуг - 17/07/08)
05/09/2008
05/09/2008