Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Умерени земјотреси ги погодија Грција и Албанија; голем шумски пожар изби во близина на Атина

26/06/2008

АТИНА, Грција -- Умерен земјотрес со јачина од 5,0 степени според Рихтеровата скала ја потресе централна Грција во четвртокот (26-ти јуни), но немаше повредени или материјална штета, објавија властите. Неговиот епицентар беше помеѓу Агиос Константинос и Камена Вурла во централниот регион Фтиотида, околу 110 километри северно од Атина.

Земјотрес со јачина од 5,0 степени ја потресе централна Албанија, северозападно од Драч, доцна во средата, но исто така немаше материјална штета, ниту повредени.

Исто така во средата, голем шумски пожар изби во предградијата на Атина, предизвикувајќи прекини на електричната струја во главниот град и прекривајќи некои делови од градот со чад. Пожарот започна во шумската област Глика Нера, во близина на Атина, и брзо се рашири низ планините Химетор со помош на силните ветришта. Околу 200 пожарникари, со поддршка од воздух, успеаја да го стават под контрола неколку часа подоцна. (AНА-МПА, Нафтеборики, In.News, Катимерини, МИА - 26/06/08, Ројтерс, АП, АФП, Балканвеб -25/06/08)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's