Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Лајчак и Додик се согласија по локалните избори во БиХ да започнат разговори за уставните реформи

18/06/2008

БАЊА ЛУКА, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Високиот претставник Мирослав Лајчак и премиерот на Република Српска, Милорад Додик, во вторникот (17-ти јуни) во Бања Лука се согласија веднаш по локалните избори на 5-ти октомври да започнат разговори за уставните реформи. Лајчак потврди дека БиХ нема да може да ја спроведе реформската агенда на ЕУ што води до кандидатски статус според сегашниот уставен поредок. Лајчак, исто така, истакна дека со оглед на тоа што БиХ го потпиша Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ оваа недела, сите партии мора да загарантираат проевропска атмосфера пред и за време на локалните избори. Двајцата претставници, исто така, разговараа за престојниот состанок на Советот за спроведување на мирот, на кој БиХ мора да докаже дека исполнила три од петте услови за затворање на Канцеларијата на високиот претставник. (Дневни аваз, Независне новине - 18/06/08; Фена, РТРС - 17/06/08)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's