08/06/2008
СКОПЈЕ, Македонија -- Државната изборна комисија (СЕК) во саботата (7-ми јуни) објави дека ќе спроведе прегласување на 15-ти јуни во 193 избирачки места (од вкупно 2.976) каде што се регистрирани големи нерегуларности на изборите на 1-ви јуни. Меѓу прекршувањата беа и полнењето кутии, заплашувањето на гласачите и насилството во кое загина едно лице, а десетици беа повредени. Околу 170.000 лица имаа право да го дадат својот глас на прегласувањето. Повтореното гласање, најверојатно, ќе одреди која од двете партии на етничките Албанци (Демократската унија за интеграција и Демократската партија на Албанците) ќе се приклучи на владејачката коалиција.
Иако ВМРО-ДПМНЕ освои доволно пратенички места за да управува самостојно, владејачките коалиции генерално вклучуваат партија што ги претставува етничките Албанци во Македонија, кои сочинуваат околу една четвртина од населението. Ако Уставниот суд ја потврди одлуката на ДИК, гласањето ќе биде повторено на 15-ти јуни. (A1, АФП, Макфакс, АП, Б92 - 07/06/08)