04/06/2008
СКОПЈЕ, Македонија -- Претседателката на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Радмила Шеќеринска, во вторникот (3-ти јуни) објави дека ја напушта својата позиција, откако нејзината партија изгуби на предвремените избори во неделата. Шеќеринска рече дека нејзината одлука е конечна и истата ја препиша на „принципот на одговорност“. Таа стана претседателка на СДСМ во ноември 2006 година.
Во меѓувреме, Државната изборна комисија во вторникот објави дека коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, освои 64 места во парламентот од 120 места. Коалицијата Сонце, предводена од СДСМ, освои 28 места. Двете партии на етничките Албанци -- Демократската унија за интеграција и Демократската партија на Албанците -- освоија по 13 места. Сепак, овие резултати не се конечни. Властите ќе спроведат прегласување на избирачките места каде што во неделата се случија сериозни инциденти. (Дневник - 04/06/08; Maкфакс, А1, Бета - 03/06/08)