29/05/2008
ПЛОВДИВ, Бугарија -- Осмата Меѓународна изложба на одбранбена технологија беше отворена во градот Пловдив во средата (28-ми мај), и на истата учествуваат 103 претпријатија од 20 земји. Тие ги претставуваат најновите достигнувања во муницијата, комуникациските средства, поморските радари, оптичките инструменти за ноќно гледање и оптрониката. (БТА, Дарик, бТВ - 28/05/08)